Путин се обидува да ја оправда војната: Руските војници се борат против злото во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги обвини „неонацистите во Украина“ за злосторства врз цивили за време на неговото обраќање по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

Путин сакаше да ја оправда руската агресија врз соседна Украина.

– Заборавањето на она што нè научи историјата, доведува до повторување на страшни трагедии. Доказ за тоа се злосторствата врз цивилите, етничкото чистење и казнените дејствија што ги спроведуваат неонацистите во Украина – рече Путин.

Тој изјави дека руските војници храбро се борат против злото.

На изјавата реагираше полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

– На денот на ослободувањето на германскиот логор на смртта Аушвиц, да се потсетиме дека Путин гради нови кампови на исток – рече Моравиецки и повика на помош на Украина за да не се повтори историјата.