Радев одговара на Пендаровски

Радев во екот на изборната кампања го повика Пендаровски да се држи до историската вистина кога се извини за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во протерувањето на македонските Евреи.

Бугарскиот претседател одржа предавање по историја и пред други македонски политичари.

Радев испрати и порака дека на овој однос кон Бугарија не може да се гради европскиот пат на Македонија.

Во Бугарија на 2 април се одржуваат нови избори и гласањето за бугарските државјани во Македонија ќе може да се изврши на седум локации. За прв пат ќе може да гласаат и во Тетово. Вака било постигнато на средбата на градоначалникот на општина Тетово Касами и бугарскиот амбасадор Ангелов.

На официјалната веб-страница на бугарската амбасада е наведено дека избирачки места ќе бидат отворени и во Скопје, Битола, Кавадар, Охрид, Прилеп, Струмица.