РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ АМЕРИКА: Хаос на улиците – се бројат загинатите (ВИДЕО)

Претседателот на Еквадор, Гилермо Ласо, објави дека најмалку 12 лица загинале во силниот земјотрес што ја погоди земјата во саботата.

Претходно агенциите пренесоа дека едно лице загинало во градот Куенка и три во крајбрежната држава Ел Оро и дека многу луѓе се заробени под урнатините.

Во земјотресот оштетени се куќи и згради, а бројни граѓани во паника излегоа на улиците. Во Гвајакил, околу 270 километри југозападно од главниот град Кито, властите пријавија штета на згради и куќи, како и некои урнати ѕидови.

Властите наредија затворање на три тунели за возилата. Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот со јачина од 6,8 степени се случил во крајбрежниот регион Гвајас, околу 80 километри јужно од Гвајакил, вториот по големина град во Еквадор, додаде АП.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погодил брегот на Еквадор, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Американскиот систем за предупредување соопшти дека нема закана од цунами по земјотресот. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе кои се собираат на улиците на Гвајакил и околните населби. Земјотресот бил почувствуван и на северот на Перу.