Рамо до рамо со граѓаните на Гостивар и Битола: Изградбата на Коридорите 8 и 10Д е врвен национален интерес

 – Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ Благој Бочварски денеска беше меѓу граѓаните на Гостивар, каде меѓу другото зборуваше и за важноста на коридорот 8 од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на оваа општина.

– Со изградбата на коридорот ќе се прошири автопатот Тетово – Гостивар, но ќе изградиме и нов автопат Гостивар – Букојчани кој треба да се поврзе со автопатот Кичево – Охрид, со значително ќе се  скрати времето на патување до Охрид, но и до соседна Албанија. Тоа е важно за граѓаните, за туризмот, за целокупната македонска економија. ЕУ овој коридор веќе го стави на мапата на важни европски коридори, што е уште една потврда дека реализираме стратешки национален но и регионален проект, посочи Бочварски додавајќи дека пропаѓаат во вода сите лаги што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги пласираа за овој капитален проект.

Во Битола беше Славица Кутиров која пред граѓаните порача дека со изградбата на автопатот Прилеп – Битола, овој град ќе биде подобро поврзан со централниот дел од државата што значително ќе го олесни секојдневното функционирање на граѓаните и компаниите од овој дел од државата.

Во рамките на теренските активности на СДСМ, под мотото „Рамо до рамо, до победа“, денеска со граѓаните на Врапчиште, беа Гоце Георгиевски и Боро Еркечов, а во Маврово Ростуше Богданка Кузеска и Белкиса Зеќири.

Владата на СДСМ како никоја претходно се грижи за сите земјоделци и инвестира во сите гранки на земјоделството. Воведовме нов модел на субвенционирање, за прв пат субвенциите ги исплаќаме авансно, за прв пат воведовме и жените земјоделки да можат да користат платено отсуство за мајчинство, истакна во Врапчиште претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ Гоце Георгиевски.

Георгиевски соопшти дека е усвоена Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството вредна 317 милиони денари, во чии рамки заедно со земјодлеците се креираат мерките за поддршка.

Првата мерка која е предвидена во Интервентната програма е поддршка за производителите на зимска зелка на отворено, а мерка за поддршка предвидуваме и за производителите на градинарски култури во оранжериско производство, нагласи Георгиевски, додавајќи дека светската криза сите ги научи колку домашното производство на храна е важно и затоа денес земјоделците во нашата држава се вреднувани и почитувани, а финансиската поддршка неселективна и навремена.

Рамо до рамо со граѓаните на Маврово и Ростуше беа пратеничката на СДСМ Белкиса Зеќири и портпаролката на партијата Богданка Кузеска.

Заедно, со граѓаните низ дијалог донесовме системски решенија за покачување на минималната плата и пензиите. ВМРО-ДПМНЕ го газеше достоинството на работниците и минималната плата ја држеше на едвај 9.000 денари, а за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија и помалку. Ние ја покачивме минималната плата на 20.175 денари, просечната плата ги достигна ветените 34.000 денари, просечната пензија ја зголемивме за 60 отсто. Тоа е вистинска грижа за сите граѓани, порача пратеничката Белкиса Зеќири, во Маврово-Ростуше.