Рафиња: Никогаш не би играл за Реал

Бразилскиот репрезентативец во редовите на Барселона, Рафиња, им изјави на шпанските новинари дека не постои ниту најмала можност да биде член во иднина на составот на Реал Мадрид.

„Никогаш не би играч за Реал. Во Шпанија ја сакам само Барселона, а од странските екипи ПСЖ и Арсенал“, изјави 26 – годишниот Рафиња, кој дојде во Барселона лани од англискиот прволигаш Лидс.

Рафиња во досегашниот тек од сезоната одигра 32 натпревари за каталонскиот гигант и постигна седум голови.

Бразилецот пред Лидс настапуваше за Гимараеш, Спортинг, Рен и Аваи