Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на ставовите на министерката за култура Костадиновска Стојчевска

Министерката за култура, Бисера  Костадиновска Стојчевска ја потценува интелегенцијата на граѓаните и јавноста со секој свој јавен настап. Скандалот со годишната програма е огромен и за тоа говорат реакциите на луѓето од фелата, културата и уметноста. Нека не се крие зад комисија, процедури и наводни критериуми. Сите ги видоа двојните аршини на министерството за култура и на Бисера Костадиновска Стојчевска .

Потценувачки средства одвојува за реномирани и традиционални менифестации како Макфест, за Златно Славејче, за ОФФест, а дава пари за проекти на блиски луѓе до власта. Цветанка Ласкова поранешна претседателка на форумот на жени на СДСМ добива 300.000 денари, а само 90 000 денари за „Величенствениот концерт по повод 1160 години од Моравската мисија”. Со други зборови сите културни настани поврзани со македонскиот идентитет и македонската култура и традиција се занемаруваат, а министерката тоа го форсира и спроведува.

Бисера Костадиновска Стојчевска е изгубен субјект во културата. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говорат голем број писатели, актери, уметници и културни работници. Оваа министерката треба час поскоро да си замине и да престане да ја упропастува културата во Македонија. Македонската култура е македонски идентитет и не може аматери како Костадиновска Стојчевска да се однесува кон нив како да се нејзина приватна сопственост.