Реанимацијата траеше долго: Кога Гудељ си дојде при себе, го воодушеви цел свет, сакаше да го продолжи натпреварот! (ВИДЕО)

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ изгубил свест и колабирал на теренот, а шпанските медиуми јавуваат дека имал срцев удар.

Седум минути траеше реанимацијата на теренот, по што Драгиша повторно се освести, а неговиот гест го воодушеви целиот свет.

Имено, кога лекарите го ставиле на носилки, тој инсистирал да го продолжи натпреварот, убедувајќи ги лекарите дека се чувствува добро и може повторно да игра.

Сепак, беше донесена одлука натпреварот да се прекине и да се игра друг ден.

Да потсетиме, дваесет и петгодишниот српски фудбалер, брат на репрезентативецот Немања Гудељ, падна на земја, а по укажаната прва помош Драгиша беше ставен на носилки, а потоа однесен во локал болница.