Резников казнил 621 службеници

 Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека има „нулта толеранција“ за корупција и оти во текот на изминатата година стотици службеници во Министерството за одбрана или во вооружените сили биле казнети по внатрешни дисциплински инспекции.

Според светските агенции, оваа изјава е насочена кон зајакнување на разнишаниот статус на Резников, по скандалот поврзан со корупцијата во врвот на украинските вооружени сили.

Резников рече дека во 2022 година, 621 функционер на вооружените сили или во Министерството за одбрана биле казнети за различни прекршоци.

– Мојот принципиелен став беше, е и ќе остане непроменет: нулта толеранција за какви било прекршувања, рече Резников.