Републиканците го осудија Бајден за „левичарски фантазии“ во говорот за состојбата на нацијата

 Гувернерот на Арканзас, Сара Хакаби Сандерс, поранешна портпаролка на бившиот претседателот Доналд Трамп, синоќа настапи со официјална реплика на Републиканската партија на обраќањето на претседателот на САД, Џо Бајден, пред американскиот народ во Конгресот.  

 Таа укажа дека претседателот пласира „левичарски фантазии“.  

 -Во радикално левата Америка, Вашингтон наметнува даноци и ги гори вашите пари заработани со многу труд, сотрени сте со високи цени на бензинот и со празни полици во продавниците. Нашите деца учат омраза еден кон друг врз расна основа, а не да се сакаат еден со друг или својата голема земја, изјави Сандерс. 

Нејзинот настап беше во контраст со она што го кажа Бајден. 

-Администрацијата на Бајден, додека ги жнее плодовите на нивните неуспеси, изгледа повеќе ја интересираат левичарски фантазии отколку суровата реалност со која Американците се судираат секој ден. Мнозинство од Американците сакаат да живеат во слобода и мир, но не атакуваат со лева културна војна кој ние не ја започнавме и во која никогаш не учествуваме, рече Сандерс. 

Таа, исто така, ги искритикува технолошките компании кои ги блокираа налозите на Трамп по нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година. Налогот на Трамп на Твитер лани беше повторно достапен, а компанијата Мета во јануари рече дека своите платформи, Фејсбук и Инстаграм, повторно ќе ги напарви достапни за него.  

 -Големата влада прави заговор со технолошките гиганти, за да се одземе најамерканската работа, слободата на говорот… тоа е ненормално, тоа е лудило и е неправилно, реча таа.