Речиси шест месеци дел од членовите на избирачки одбори ги чекаат надоместоците за вонредните избори во 2022

– Дел од членовите на избирачките одбори сè уште ги немаат добиено надоместоците за вонредните избори за Совет на Општина Тетово што беа на 20 август 2022 година. Од Општинската изборна комисија потврдуваат дека ќе биде потребно уште време да се исплатат надоместоците.

-До крај на месецот или почетокот на март ќе бидат исплатени сите членови на избирачки одбори. Досега се исплатени 80 отсто од луѓето. Поради работни обврски на членовите на Општинската изборна комисија немаше можност да се направи оддеднаш. Остануваат за исплата членови на избирачки одбори кои биле ангажирани во избирачките места во Дреновец, Порој и Џепчиште. Другите се исплатени, информираше Назми Даути, претседател на ОИК Тетово.

И за изборите на 17 октомври 2021 членовите на ОИК и избирачките одбори чекаа повеќе месеци за да им бидат исплатени надоместоците, па тоа се случи во текот на 2022 година.