Ријана настапи бесплатно, фановите беа изненадени од таа одлука

Иако ја направи ноќ за паметење, Ријана нема да добие хонорар за синоќешниот настап, бидејќи не е вообичаено музичарите да добиваат плата за настапите на полувремето во Супер Боул.

Познатата пејачка е главна тема во медиумите откако синоќа настапи на Супер Боул, па многумина се прашуваа колку може да заработи од својот настап. Сепак, НФЛ не им плаќа на музичарите за нивните настапи, туку тие ги покриваат сите трошоци кои одат во производството на самото шоу.

Многу обожаватели беа шокирани кога дознаа, но има многу придобивки од тоа што некои од најголемите светски музичари добиваат шанса да настапат на Супер Боул, дури и ако не добијат плата за тоа.

Имено, тоа е можност која се случува еднаш во животот, а која многу уметници би ја искористиле. Ова предизвикува и огромно зголемување на популарноста поврзана со прегледите, стримовите, а доколку овие ѕвезди имаат свои брендови, се зголемува и продажбата на нивните производи.

Како што изјави претходно, Ријана со недели се подготвувала за настапот на стадионот Стејт Фарм во Аризона, а извори од странските медиуми наведуваат дека настапот чини и до 10 милиони американски долари. За неполни 14 минути што траеше настапот, пејачката изведе 11 хитови, а на сцената и се придружија повеќе од 80 танчери.