Ријана ќе настапува на Super Bowl: Беше тешко да се направи плејлиста

Ријана во недела ќе настапи на полувремето на Super Bowl, а публиката нетрпеливо го чека овој спектакл со оглед на тоа што пејачката седум години нема одржано концерт.

Самата Ријана не крие колку е возбудена.

– Бев толку фокусиранa на Super Bowl што целосно заборавив дека ми се ближи роденденот. Целосно заборавив на Денот на вљубените. За Super Bowl треба многу подготовки – изјави таа за медиумите.

Она што го откри е дека и било најтешко да го стесни изборот на песни за албумот.

– Сет листата беше најголемиот предизвик. Тоа беше најтешкиот дел. Треба сами да одлучете како максимално да ги искористите 13 минути и да направете шоу. Обидот да се натрупаат 17 години работа во 13 минути испадна многу тешко – рече таа.

Како што вели, морала да исфрли неколку песни, но мисли дека добро ќе ја заврши работата.

Пејачката од Барбадос го прифати овој „предизвик“ откако го роди своето прво дете во мај минатата година.

– Кога ќе станеш мајка, нешто едноставно се случува. Чувствувате дека можете да го преземете светот, можете да направите сè – изјави Ријана.

Таа додаде дека колку и да е страшно да не се има настап на сцена по пауза од седум години сепак има нешто возбудливо во сето тоа.

Последниот албум на Ријана, „Anti“, беше објавен во 2016 година.