Роналдо не запира: Хет-трик на полувреме (ВИДЕО)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо продолжи да пишува историја и во Саудиска Арабија постигна хет-трик за Ал Наср во првото полувреме, што е прв хет-трик во прво полувреме за еден играч кој играл во најдобрата лига.

На Роналдо му беа потребни нешто над 25 минути да ги постигне трите гола на натпреварот против Дамак, во периодот од 18. до 44. минута. Првиот погодок беше од пенал, додека останатите два пристигнаа од игра.

Ова е втор хет-трик за Роналдо по трансферот од Манчестер Јунајтед во Саудиска Арабија. Играчот има 827 гола во кариерата и вкупно 63 хет-трика.