Русите имаат пеколен план за годишницата од војната: Градот што болно го загубија е на мета!

Москва планира да ги окупира сите населени места во украинската област Харков.

Украинската контраофанзива на почетокот на април доведе до враќање на повеќето населени места во Харков под украинска контрола.

Руски претставник утринава потврди дека обновената офанзива на Москва вклучува планови за повторно заземање на областа Харков.

Во исто време, Русите објавија дека успеале да пробијат две линии на украинската одбрана на исток, во областа Луганск.

Од друга страна, Украина објави нови проценки за руските загуби.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во својот говор рече дека ситуацијата на истокот на земјата е тешка.

Во овој дел на Украина, руските сили напредуваат во последните недели, пред сè во близина на Бахмут.

„Ситуацијата на фронтот е сè уште тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија брза да ги постигне целите што ги постави во последната офанзива пред Киев да добие ново оружје.