„РУСИЈА НЕМА ДА ПРЕГОВАРА ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИ“ Шефот на ЕУ дипломатијата го откри нивниот став – еве што ќе се случува на лето

Шефот на дипломатијата на ЕУ даде своја оценка за војната во Украина.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Џузепе Борељ изјави дека не е оптимист за ситуацијата во Украина и оти верува оти Русија нема да преговара додека не победи во конфликтот со Киев .

– Ја гледам јасната решеност на Русија да победи во оваа војна. Русија нема да преговара додека не победи – изјави Борељ на експертскиот форум во Барселона.

Тој додаде дека не е оптимист за тоа како може да се развие овој конфликт во текот на летото, но дека ЕУ треба да продолжи да дава воена помош за Украина.

Претходно во Брисел, Борељ рече дека, иако продолжил да ја координира воената помош за Украина од Европската унија, тој не се чувствува како врвен дипломат на ЕУ, туку како „министер за одбрана на блокот“.