РУСИЈА СО СИТЕ МОЖНИ РАКЕТИ И ДРОНОВИ НОЌЕСКА ГАЃАЛА НА КИЕВ: Нови детали од страшниот напад на главниот град на Украина

Генералот Валериј Залужни откри нови информации за ноќните напади.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни изјави денеска дека украинските сили ги собориле сите 18 проектили лансирани од руските сили во ноќниот интензивен напад, вклучително и шест проектили Кинжал.

Тој изјави дека руските сили ја нападнале Украина од север, југ и исток со 18 ракети од различен тип од воздух, море и копно, пренесува Интерфакс Украина.

Според него, Русија истрелала шест ракети Кинжал од авиони МиГ-31К , девет крстосувачки ракети Калибар од бродови во Црното Море и три ракети Искандер од копно. 

Залузни изјави дека Русија лансирала и нападни беспилотни летала од типот Шахед и беспилотни летала за извидување.

Да потсетиме дека во текот на ноќта руските војници извршија масовни напади врз целите на украинската армија во Киев, користејќи беспилотни летала и разни видови ракети.

Американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ веднаш беа ефективни, што може да се види на прикажаната снимка. Батериите истрелаа околу 30 проектили за краток временски период.

Судејќи според едно од видео снимките, руските војници веројатно погодиле еден од фрлачите на системот за противвоздушна одбрана, веднаш по лансирањето на ракетата, а потоа дошло до силна експлозија.

Се појавија и информации дека најмалку два американски ракети од системот Патриот скршнале од својот курс и паднале некаде во урбаните средини.