Руската војска тврди: Одбивме 26 напади на Соледар, Украинците почнаа пробив со 1.000 војници и 40 тенкови! (видео)

Киев се обидел да нападне во областа Соледар и сите биле одбиени, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според извештаите, во текот на изминатиот ден руските сили убиле и раниле околу 900 украински војници во областа Доњецк, пренесува руската агенција ТАСС.

Украинската армија се обиде да изврши повеќе од 20 напади долж борбената линија долга 95 километри во тактичката област Соледар, при што сите офанзивни дејства беа одбиени од руската армија, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.

– Единиците на украинската армија извршија обид за 26 напади во кои беа вклучени повеќе од 1.000 луѓе, 40 тенкови и друга воена и специјална опрема. Сите напади на украинската армија беа одбиени. Немаше пробив на руските одбранбени линии – рече портпаролот.