Руската тенисерка предизвика вистинска ‘бура’ на социјалните мрежи: На натпреварот дојде во дресот на својот сакан клуб од Москва! Беше нападната од сите страни (фото)

Руската тенисерка Анастасија Потапова предизвика голем гнев кај американската јавност откако на натпреварот од Индијан Велс дојде во дресот на фудбалскиот клуб Спартак Москва.

Потапова пред натпреварот со Џесика Пегула на теренот се појави во црвено-белиот дрес на тимот од Москва и поради тоа наиде на низа критики и навреди.

На руските тенисери им е забрането да се натпреваруваат под знамето на нивната татковина поради војната во Украина.

Интересно е што Потапова го носеше истиот дрес и во Дубаи, но тогаш никој не обрна внимание на тоа.

Прва реагираше светската тенисерка број еден од Полска, Ига Швионтек која порача дека руските играчи не треба јавно да искажуваат поддршка на земјата за време на нејзината инвазија на Украина.

Потапова, 21-годишна тенисерка од Русија, изјави дека навива за Спартак од својата 13-та година и дека не гледа никаква провокација во тој чин.

Руската тенисерка беше нападната на социјалните мрежи, а се оди дотаму што некои побараа да биде избришана од списокот на учесници на претстојниот Вимблдон.