РУСКИ СУ-34 СОБРЕН ВО БЛИЗИНА НА ФРОНТОТ: АВИОНОТ ИЗГОРЕ ВО ВОЗДУХ, ПИЛОТИТЕ СЕ СПАСИЈА “СКОКАЈЌИ” (ВИДЕО)

Рускиот авион Су-34 се урна во близина на Јенакиев, место недалеку од Горловка во Донбас, на околу 30 километри од линијата на фронтот.

Засега нема доволно вести за да се утврди зошто дошло до колапсот. Според неофицијални информации, можно е авионот да е соборен од украинските воздухопловни сили, а можно е и да е соборен по грешка од руските сили, со таканаречен „пријателски оган“.

Пилотите се катапултирале и нивните падобрани се отвориле безбедно, па слетале во областа Шахтјор.

На социјалната мрежа Телеграм беа објавени неколку видеа од падот на рускиот авион и неговите изгорени остатоци.