РУСОФИЛСКО ДВИЖЕЊЕ – Ова се најголемите пријатели на Путин од Западот: Познат актер, принцеза и внук на познат лидер порачаа: “Ние сме со Русија!“

Судејќи според толпата на луѓе која беше присутна на конгресот на Меѓународното русофилско движење, кој неодамна се одржа во Државниот музеј на уметноста – „Пушкин“, политичките осуденици и теоретичарите на заговор се најголемите странски пријатели на Русија и на самиот Владимир Путин, пишува The Guardian.

Меѓу присутните 90 делегати беа и контроверзниот и познат американски актер Стивен Сигал, внукот на Шарл де Гол, Пјер Де Гол и италијанска принцеза која е позната по нејзините преводи на делата на Џ.Р.Р. Толкин.

Тука сум да промовирам мир и пријателство. Верувам дека војната во Украина беше предизвикана од англосаксонски интереси… Мислам дека е опасно за целиот свет и јас сум тука да се борам против тоа“, истакнал Пјер Де Гол за време на конгресот.

Минатиот месец, Де Гол изјави за францускиот весник Le Parisien дека „Западот му дозволил на украинскиот претседател Володимир Зеленски, неговите олигарси и неонацистичките милитантни групи да се затворат во спиралата на војна“. Постариот брат на ПјерИв де Гол, изјави за истиот весник на 24. јануари дека тој, неговото семејство и покојниот Шарл де Гол немаат никаква врска со ставовите на Пјер, и апсолутно не поддржуваат ништо од тоа.

Пјер де Гол не ја коментираше изјавата на својот постар брат, а тој одби да одговори на прашањето дали го користи своето познато презиме за да ја легитимира војната во Украина. Имено, Пјер на конгресот на русофилите изјавил дека неговиот дедо „ги познавал руските лидери и Русите“. 

Тој беше свесен за географската потреба за сојуз меѓу Европа и Франција и Русија“, изјавил Де Гол и надополнил: „Се повеќе луѓе стануваат свесни дека овој конфликт е создаден за да ја растури Европа и САД да профитира од тоа“.

Има малку Европејци и европски медиумски компании кои се подготвени да шират руска пропаганда и да ја поддржат политиката на МоскваНиколај Малинов, поранешен бугарски парламентарец кој е под американски санкции, го отвори собирот во Москва со реченицата дека – „е време силите на светлината да ги победат силите на темнината“.

Стивен Сигал беше назначен за специјален претставник за руско-американски културни односи. „Јас сум сто проценти русофил и еден милион проценти Русин“, изјавил актерот за време на прес-конференцијата.

Стивен Сигал и Марија Захарова

Во музејот „Пушкин“ таа вечер беше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој де факто со своето присуство го даде владиниот печат на одобрување на групата присутни која ќе се карактеризира како маргинална во поголемиот дел од светот. Лавров одржа говор на собирот на русофили и со присутните ја сподели пораката од рускиот претседател Владимир Путин. „Не гледаме само неонацизам, туку и директен нацизам, кој е присутен во се повеќе европски земји“, истакнал Лавров и додал: „Гледаме историјата како се уништува пред наши очи, се уништуваат свети објекти“.

Италијанската принцеза Виторија Алијата ди Вилафранка беше една од највпечатливите учесници на собирот на русофилите. Принцезата во својата татковина е позната по тоа што прва ги преведе делата на англискиот писател Џ.Р.Р. Толкин на италијански јазик. Италијанката тврди дека ги победила и Опус Деи и мафијата во битката за палатата на нејзиното семејство во Багерија. Принцезата кажа дека таму се снима нова филмска адаптација на романот „Гепард“ од Џузепе Томази ди Лампедуза.

Италијанката тврди дека „русофобијата“ е создадена за „нови формули на колонизација“ и дека е поврзана со доаѓањето на Американците на Сицилија за време на Втората светска војна. Таа додаде дека тогаш биле создадени услови за проширување на влијанието на Вашингтон. Принцезата кажа дека дошла на собирот во Москва да се залага за мир, дека се нашла во Русија бидејќи дошла да го посети руското кралско семејство. „Јас сум внука на Романови“, изјавила 70-годишната Италијанка и додала: „Ги познавам многу добро. Тоа е империјална врска“.,

Алијата кажа дека е во Русија за да покаже дека сè уште има луѓе во светот кои ги делат ставовите на оние кои дојдоа на состанокот. „Моја должност е да им објаснам на луѓето како стојат работите. Тоа нема никаква врска со моите лични ставови. Го претпочитам Владимир Путин отколку претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден“, заклучи таа.