Савевски повика 18 ракометарки за натпреварите со Турција

Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Љубомир Савевски денес го објави списокот на повикани ракометарки за собир и настап на претстојната ЕХФ недела.

Во рамки на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат две контролни средби против селекцијата на Турција во Анкара, натпреварите се предвидени да се одиграат на 2 и 4 март.

На списокот на Савевски се наоѓаат:
Јована Мицевска
Јована Саздовска
Сара Ристовска
Сања Дабевска
Јована Кипријановска
Драгана Петковска
Милица Николиќ
Ангела Јанкуловска
Бојана Коцева
Ивана Арсениевска
Ива Младеновска
Теодора Дукоска
Борјана Коцева
Катерина Дамјаноска
Бојана Диневска
Теодора Гулицоска
Ивана Џатевска
Марија Гугуљанова.