САД домаќин на Копа Америка 2024

– Следното издание на Копа Америка ќе се одржи во 2024 година во САД, објавија синоќа во заедно соопштение Јужноамериканската и Северноамериканската фудбалска федерација, КОНМЕБОЛ и КОНКАКАФ.

Договорено е да настапат сите 10 јужноамерикански репрезентации, како и шест најдобри селекции од Северна и Централна Америка.

Ова ќе биде втор пат натпреварувањето на кое низ историјата најчесто настапуваа јужноамериканските репрезентации да се одржи во САД, кои беа домаќини во 2016 година, на вонредното издание на Копа Америка по повод 100 од првото издание.

САД, заедно со Канада и Мексико, ќе биде домаќин и на Светското првенство во фудбал во 2026 година.