САД: Драматичен пораст на антисемитизмот во 2022 година

Најголем број инциденти на антисемитизам се забележани во Њујорк, каде што се регистрирани 580 случаи. По Њујорк следуваат Калифорнија со 518 случаи, Њу Џерси (408), Флорида (269) и Тексас (211).

Порастот на случаите на антисемитизам во Соединетите Американски Држави (САД) достигна највисоко ниво во 2022 година, објави Лигата за борба против негирање и клевета (ADL), една од важните еврејски организации во САД.

Во соопштението на АДЛ беше објавено дека во земјата во 2022 година биле забележани дури 3.697 случаи на антисемитизам.

Податоците покажуваат зголемување од 36 отсто на антисемитските инциденти од 2021 година, што е највисока стапка од 1979 година, кога АДЛ почна да води евиденција.

Најголем број инциденти на антисемитизам се забележани во Њујорк, каде што се регистрирани 580 случаи. По Њујорк следуваат Калифорнија со 518 случаи, Њу Џерси (408), Флорида (269) и Тексас (211).

„Длабоко сме вознемирени од ова драматично и целосно неприфатливо зголемување на антисемитските инциденти“, рече Џонатан Гринблат, извршен директор на АДЛ.