САД очекуваат брзо решение за стопираните разговори за влез на Шведска и Финска во НАТО

-Прекинатиот дијалог меѓу Анкара од една и Шведска и Финска од друга страна за влезот на овие две скандинавски земји во НАТО треба да продолжи и САД очекуваат брзо решение, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.  

Дијалогот е прекинат откако министерот за надворешни работи на Турцијa, Мевлет Чавошогу, вчера изјави дека е „бесмислено да се одржува трилатерален дојалог“ за влез на Шведска и Финска во НАТО по протестите овој месец во Стокхолм. 

-Силно го поддржуваме приемот на овие две земји во НАТО. Шведска и Финска имаат одлични, подготвени капцитети и ќе бидат значаен дел од Алијансата. Дијалогот со Турција треба да продолжи, изјави Кирби на денешнииот брифинг за новинарите. 

Тој додаде дека САД нема да се мешаат во тие разговори „но очекуваме брза разрешница за овие две нации да станат членки на НАТО. Нивното членство за нас е мошне значајно“.  

Кирби се осврна и на убиството на лидерот на Исламската држава Билал ал-Судани, вчера во акција на американските специјални сили. 

„Ова убиство ќе има големо влијание врз активностите на ИД не само во Африка туку и пошироко, а во тоа да се спречи планирање и извршување операции како  во Африка така и надвор од неа“, истакна Кирби. 

За САД, „ИД останува одржлива, постојана и сериозна закана, не само во северна Африка, рогот на Африка и на Блискиот исток туку и пошироко“.  

-Фокусирнаи сме на оваа закана, и мисијата со убиството на ал-Судани е доказ колку сериозно ја прифаќаме заканата од ИД“, рече тој.  

Во врска со извештаите дека Русија тајно купувала оружје од талибанците во Авганистан, а дел од тоа оружје е американско, Кирби рече дека нема потврда за такви извештаи. 

-Немам информација за тоа дали талибанците испраќаат или сакаат да испратат оружје за Русија. Точно е дека постојат системи и опрема во посед на Авганистанците и дека целата американска опрема останата по повлекувањето на американската војска „се само некои возила и опрема оставена околу аердромот во Кабул што не беше употреблива.“ 

Тој ги укори талибанците дека треба да ги почитуваат заложбите за одговорно владеење и реформи на државата, а по повлекувањето на војската на САД во август 2021 година. 

-Немам што да кажам за барањата од страна на Киев за снабдување со Ф-16 авиони на Украина, а по добиената дипломатска битка да се снабди со модерни западни тенкови меѓу кои се и американските софистицирани „Амбрамс“.