САД сериозно ја менуваат стратегијата – целта е Украина да си ги врати сите територии назад

Соединетите Американски Држави (САД) размислуваат и подготвуваат поостра стратегија за војната во Украина и сакаат таа да победи и да ги врати сите нејзини територии, пишува весникот Times, повикувајќи се на висок функционер од американската администрација.

Целта е да се обезбеди суверенитет и независност на Украина, а тоа ќе значи враќање на територијата“, рекол изворот за весникот.

Тоа значи заострување на американската стратегија кон Украина, пишува Times. Како што беше наведено, целта претходно јавно не беше пораз на Русија, туку одбраната на Украина од РусијаВашингтон сака да му обезбеди на Киев силна воена позиција.

Сепак, според соговорникот на весникот, таков развој на настаните не треба да се очекува во блиска иднина, а освен тоа Русија не покажува интерес за преговори. Во овој поглед, Вашингтон ќе продолжи да го поддржува Киев за да и помогне на Украина да опстане како независна демократска земја.

Украинската страна во неколку наврати соопшти дека крајот на непријателствата и транзицијата кон дипломатско решение на војната е можно само со повлекување на руските трупи до границите од 1991 година. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека враќањето на границите кои беа на почетокот на војната би значело замрзнување на конфликтот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен исто така истакна дека обидите за замрзнување на конфликтот се неприфатливи, а главниот елемент на мирно решение треба да биде потврдата на суверенитетот на Украина и повлекувањето на руските војници.