Сакаат контраофанзива ама немаат со што! Зеленски призна: Украина е во очајна положба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина сè уште не можат да започнат контраофанзива, која беше планирана за пролет, нагласувајќи дека на Киев му требаат муниција и борбени авиони.

– ,,Уште не можеме да почнеме” – рече Зеленски во интервју за јапонскиот весник „Јомури“ – пренесува Униан.

Тој призна дека ситуацијата на истокот на Украина е лоша, главно поради недостигот на муниција.

– ,,Чекаме муниција од нашите партнери” – рече Зеленски.

Според него, руските сили дневно користат три пати повеќе муниција отколку вооружените сили на Украина.