„САКАМЕ ВЛЕЗ ВО НАТО, ВРЕМЕ Е“ Две големи сили инсистираат на членство – што значи ова за Европа?!

Двете светски сили инсистираат на приклучување кон НАТО пактот.

Финска и Шведска треба да останат посветени на членството во НАТО во исто време , и покрај противењето на Турција за кандидатурата на Шведска, порачаа денеска премиерите на двете земји на заедничката прес-конференција во Стокхолм.

Турција неодамна рече дека можеби ќе го одобри членството на Финска во НАТО, но не и Шведска засега, но финскиот претседател Саули Ниинисто и министерот за надворешни работи Пека Хависто ја отфрлија идејата, велејќи дека безбедноста на двете нордиски земји е меѓусебно зависна. 

– Не ми се допаѓа оваа атмосфера, односно позицијата каде што Шведска се претставува како непослушно дете на час. Мислам дека не е така. Шведска ги презема сите неопходни чекори за влез во НАТО – изјави финската премиерка Сана Марин.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека неговата земја продолжува да се придржува до трилатералниот договор за пристапување во НАТО потпишан минатата година меѓу Шведска, Финска и Турција.

– Заедно го започнавме ова патување, заедно ќе одиме и до членство – изјави Кристерсон.