САМО ЕДЕН ЧОВЕК ГО ВИДЕЛ МРТОВ СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ: Тој требало да му предаде важно писмо за Сергеј Лавров

Милошевиќ беше во Хаг под обвинение за воени злосторства извршени во војните во поранешна СФРЈ.

Пред 17 години, во 2006 година, во притворот на Хашкиот трибунал во Шевенинген почина поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ .

Милошевиќ беше во Хаг под обвинение за воени злосторства извршени во војните во поранешна СФРЈ. Тој почина од срцев удар во притворот на Трибуналот, а адвокатот Зденко Томановиќ, кој го бранеше Милошевиќ, раскажа што се случило ден пред смртта на поранешниот српски претседател.

Еден ден пред да биде пронајден мртов во ќелијата, Милошевиќ ме замоли да дојдам кај него во затвор малку порано. Тој ме замоли да го однесам неговото рачно напишано писмо до руската амбасада, со барање писмото да му биде предадено на министерот Сергеј Лавров. Во тоа писмо тој се пожали дека го трујат во Трибуналот и побара Русија да го спаси и заштити. Тоа писмо веднаш го доставив до руската амбасада, а приемот на тоа писмо подоцна го потврди и самиот Лавров. Меѓутоа, еден ден подоцна Милошевиќ беше пронајден мртов – изјави Томановиќ пред неколку години за Недељник.

Томановиќ бил единствениот Србин кој го видел Милошевиќ мртов во својата ќелија.

Сите врати во затворот беа затворени, сите ќелии беа затворени, ниту еден збор, ниту еден звук не се слушна. Кога конечно му ја отклучија ќелијата, Милошевиќ лежеше мртов на креветот, делумно покриен со чаршаф, со отворена книга и чаши на столчето до креветот – изјави тогаш Томановиќ.

Милошевиќ е погребан во Пожаревац во дворот на семејната куќа на неговата сопруга Мирјана Марковиќ. Семејството и високите функционери на Социјалистичката партија на Србија побарале поранешниот претседател да биде погребан во Белград со државни почести, но тогашните градски и државни власти не дозволиле.

Ниту еден од членовите на потесното семејство не присуствуваше на погребот кој се одржа без верска церемонија, бидејќи, како што изјавија, не добиле доволно гаранции за својата безбедност. Телото на Слободан Милошевиќ беше предадено од Хаг во Белград на 15 март 2006 година, а следниот ден ковчегот со телото беше изложен во Музејот „25 Мај“ , во рамките на музејскиот комплекс во белградската населба Дедиње.

Илјадници луѓе поминаа покрај ковчегот. Истиот ден, десетици илјади приврзаници на поранешниот претседател на Србија и Југославија се собраа пред Народното собрание во центарот на Белград, каде на бината беше изложен ковчег со неговото тело.