САМО ОВИЕ ГИЦКИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ЈАДЕТЕ КОГА САКАТЕ: Не дебелеат, а се многу ЗДРАВИ

Солените или слатките грицки може да бидат нездрави и сигурно ќе не чинат неколку килограми повеќе.

Не грижете се – постојат и здрави, нискокалорични грицки кои ќе ја задоволат вашата глад и досада, а нема да ја оштетат вашата фигура!

1. ЧИПС ОД ЗЕЛЕНЧУК

Во Америка оваа здрава ужина веќе е прогласена за суперхрана и е многу поздрава алтернатива на обичниот чипс. Кељот е богат со антиоксиданси, влакна и омега 3 масни киселини, додека е нискокалорична храна.

И покрај фактот дека чипсот од кељ на почетокот не изгледа премногу апетитен, оваа солена закуска воопшто не е толку лоша и прилично лесно се прави. Ситно исечканите листови кељ прелијте ги со мешавина од две лажици маслиново масло и две лажици јаболков оцет.

Листовите премачкајте ги на хартија за печење и печете десет минути на 180 степени. На крај посолете по желба.

2. ПЕЧЕНА ЛЕБЛЕБИЈА

Наутот се смета за една од најздравите намирници во светот, а нивното богато снабдување со диетални влакна ги прави вредни за здравјето на срцето и дигестивниот систем. Тој е важен извор на протеини и помага во одржување на нормално ниво на шеќер во крвта. И совршено може да ги замени висококалоричните, нездрави закуски.

Листовите премачкајте ги на хартија за печење и печете десет минути на 180 степени. На крај посолете по желба.

Наут

Наутот оставете го да кисне преку ноќ во вода, а наутро исцедете го и варете го во нова вода десетина минути. Сварениот наут, исушете го и посипете со маслиново масло. Се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се пече околу 40 минути на 180 степени. Кога ќе бидат готови, посипете ги со сол и бибер и по желба со оригано, чили пипер или кој било друг зачин по желба.

3. ХУМУС

Од наут можете да направите вкусен намаз . Потоа можете едноставно да го намачкате на леб и да му додадете свеж зеленчук или да го јадете како зеленчук. Популарна комбинација е, на пример, хумусот и морковот.