Само 2% од луѓето успешно ја решиле загатката на Ајнштајн – можете ли и вие?

Загатката позната како „Пет куќи“, која ја смислил Алберт Ајнштајн во 1930 година, досега ја решиле само два отсто од луѓето.

Оваа загатка е интересна и по тоа што нема скриени трикови, сè е засновано на логика.

Ајнштајн тврдел дека луѓето кои ја решаваат оваа загатка ги краси висока интелигенција.

Вака гласи загатката:

„Има пет куќи на улица обоени во пет различни бои. Во секоја куќа има по еден маж од различна националност. Секој од нив пие пијалак, пуши одреден бренд цигари и има домашно милениче. Никој од нив не пие ист вид на пијалак, не пуши ист бренд цигари и го нема истото милениче“, беше објаснето на почетокот.

„Кој има домашно милениче риба?“ е прашањето на кое треба да се одговори и се нудат уште некои упатства.

Британецот живее во црвената куќа.

Швеѓанецот има куче милениче.

Данецот пие чај.

Зелената куќа е лево од белата куќа.

Сопственикот на зелената куќа пие кафе.

Сопственикот кој пуши Pal Mal има птици за домашни миленици.

Тој што живее во жолтата куќа пуши Dunhill.

Човекот кој живее во куќата на средина пие млеко.

Норвежанецот живее во првата куќа.

Сопственикот кој пуши Blends живее до куќа чиј сопственик има мачка.

Човекот кој има коњ живее покрај човекот кој пуши Dunhill.

Човек кој пуши цигари Bluemaster пие пиво.

Германецот пуши цигари Prince.

Норвежанецот живее до сината куќа.

Човекот кој пуши Blends живее покрај човекот кој пие вода.

Кој е точниот одговор и како да се реши загатката е објаснето во следното видео: