Сана Марин најави дека ќе се повлече од функцијата лидер на Социјалдемократската партија

Финската премиерка во заминување Сана Марин, чија партија загуби на парламентарните избори, денеска соопшти дека во септември ќе се повлече од функцијата лидер на Социјалдемократската партија во септември и ја отфрли можноста за учество во новата влада.

Триесет и седумгодишната лидерка, за чија политичка иднина се шпекулира, за новинарите изјави дека нема да бара нов мандат на чело на СДП на следниот конгрес во септември.

Иако таа е најпопуларниот шеф на Владата во Финска, Марин и нејзината СДП успеаја да го освојат само третото место со нејзината партија на изборите во неделата, кога пред неа иако тесно беа централно-десничарската и националистичка партија.

„Утре ќе поднесам оставка во Владата“, рече таа.

Нејзината партија, која ги подобри своите перформанси од изборите во 2019 година, сепак би можела да влезе во коалиција со идниот премиер Питер Орп, доколку тој избере да се здружи со левицата, а не со крајната десница.

Марин ја отфрли и претпоставката дека ќе стане министерка во случај нејзината партија да влезе во идната владејачка коалиција.

Таа рече дека не и е понудена никаква меѓународна функција и дека ќе продолжи да работи како пратеник.