Светлана ВДОМИЛА МЕЧКА од 450 килограми! Јаде со неа и ГЛЕДА ТВ на каучот (ВИДЕО)

Прекрасна приказна за необично пријателство меѓу животно и човек!

Светлана и Јуриј Пантеленко од Русија ја посвоиле мечката Степан која имала само три месеци.

Младенчето било пронајдено во шума како плаче по својата мајка која ја убиле ловокрадци, па кога сфатиле колку е беспомошно, ја однеле дома.

Оттогаш поминаа 20 години, а Степан е сè уште со нив. Иако тежи повеќе од 450 килограми и е висока преку два метри, нивната мечка се однесува како и секое друго домашно милениче.

Таа седи на каучот со своите згрижувачки и гледа телевизија. Таа им помага да ги наводнуваат цвеќињата и јаде по 25 килограми риба, зеленчук и јајца дневно. Светлана и Јури велат дека Степан е многу нежна мечка.

– Го пронајдоа ловџиите кога беше мал. Ја изгубил мајка си и бил во многу лоша состојба. Тој е многу дружељубив и многу ги сака луѓето. Воопшто не е агресивен. Има различни таленти и сака пикник – откри брачната двојка за Дејли Мејл.

Иако ова животно е припитомено и никогаш немало контакт со дивината, сепак има свои инстинкти. Јуриј и Светлана се свесни за тоа, па го третираат Степан со максимална почит и знаат дека нема да им наштети.