СВЕТОТ БРУИ ДЕКА Е ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Се дружеше со Кејт Мидлтон, па и забоде нож во грб

Во центарот на медиумското внимание деновиве се Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, чија наводна афера го разбранува светот.

Иако сите се навикнати Меган Маркл и принцот Хари да ги полнат колумните во весниците кога станува збор за британското кралско семејство, сега главна тема се неговиот постар брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Имено, „Marca.com“ тврди дека Вилијам наводно има афера, а неговата љубовница е Сара Роуз Ханбери, поранешна манекенка и сопруга на маркизот од Чолмондели.

Како што велат, Сара и Вилијам Денот на вљубените го поминале заедно , а ова не е првпат да се пишува за нивната врска. Во 2019 година најпрво кружеа гласини за нивната наводна тајна врска , а сега повторно се појавија сомнежите, а светските медиуми не престануваат да зујат околу деталите.

Сара е родена во 1984 година и е во брак со Дејвид Чолмондели, седмиот маркиз од Чолмондели, со кого има три деца. Пред бракот работела како модел, а со Кејт Мидлтон биле добри пријателки, што сега наводно веќе не е случај.Сара Роуз Ханбери

Гласините своевремено ги подгреа и самата Кејт Мидлтон, кога во една цвеќара изјави дека не очекува ништо од својот сопруг на Денот на вљубените, алудирајќи на тоа дека тој не е романтичен како порано.

Кејт и Вилијам досега не се огласија во јавноста за ова, а во април минатата година, кралскиот експерт Ендрју Мортон за „Њу Идеа“ изјави дека оваа приказна е „измислена“ и дека Вилијам и Кејт решиле целосно да ги игнорираат овие шпекулации.

Да потсетиме, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се во брак од 2011 година, имаат три деца и отсекогаш важеле за хармоничен брачен пар кој не е склон кон скандали и кршење на кралските правила.

Погледнете уште неколку фотографии од Кејт и Вилијам во галеријата подолу.