СВЕТОТ ВО ШОК НА НАТПРЕВАРОТ НА НОВАК: Што има Ѓоковиќ залепено НА ГРАДИТЕ (ВИДЕО)

Пристигна објаснување…
Новак Ѓоковиќ во средата вечерта го одигра натпреварот од второто коло на Ролан Гарос против Мартон Фучовиќ, а при еден тајм-аут го смени дресот и откри нешто досега невидено кога е во прашање неговото тело.

Многумина почнаа да коментираат за што се работи, како да се работи за мал магнет кој е залепен на градите на српскиот тенисер. Како на шега веќе почнаа да го споредуваат со Iron Man и Роберт Џон Дауни Јуниор, а набрзо многумина даваа објаснувања за што се работи.

Тоа е магнет за телото кој помага во ублажување на болките, што само кажува дека српскиот тенисер повторно има проблеми со повредите и игра „низ болка“ на Ролан Гарос.