СДСМ: „Рамо до рамо“ до победа во Охрид, Кичево, Василево, Свети Николе и Прилеп

„Рамо до рамо до победа“ во Охрид, Кичево и Василево: СДСМ е тука за граѓаните, за повисоки плати и пензии, за рекордни инвестиции во енергетиката и инфраструктурата.

Караванот „Рамо до рамо до победа“ продолжува на терен, меѓу граѓаните.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска денеска беше меѓу граѓаните на општина Василево.

– Грижата се секој поединец е врвен приоритет за СДСМ и ние тоа го покажуваме на дело. За работниците ја зголемивме минималната плата на 20.17 денари, за пензионерите ги зголемуваме пензиите на секој шест месеци, за ранливите категории граѓаните минималната гарантирана помош ја зголемивме за неколку пати, обезбедивме и надомест за стечајните работници, но и државна социјална пензија за оние граѓани кои не исполнуваат услови за стекнување пензија. Сето тоа го правиме во партнерски однос со нашите сограѓани и така и ќе продолжиме и во иднина, затоа што СДСМ е тука за граѓаните, порача Тренчевска.

Во општина Охрид беа Дарио Николовски и  Магдалена Грашковска.

– Со мудри, ефикасни политики успеавме да ја пребродиме светската енергетска криза, но и рекордно да го зголемиме домашното производство. Правиме енергетска трансформација на државата инсталирани се 283 мегават часови од обновливи извори и веќе се подготвуваме за следна грејна сезона, порача Николовски.

Во Кичево беа Наумче Мојсоски и  Вангелија Велева  кои пред присутните истакнаа дека со изградбата на коридорот 8, Кичево ќе стане многу подобро поврзан град што ќе отвори можност за засилен економски развој и на градот, но и на регионот.

Во рамките на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ потпретседателот Перо Костадинов, заедно со Весна Томовска беше меѓу граѓаните на Свети Николе.

 СДСМ се грижи за сите граѓани, во услови на криза ја зголемивме минималната плата, ги покачивме пензиите, со навремени и ефикасни мерки и политики ги поддржуваме земјоделците, субвенциите се исплаќаат редовно и неселективно рече Костадинов, додавајќи дека  од оваа година започнува авансна исплата на субвенциите.

Костадинов нагласи дека за само два месеци се исплатени 80 милиони евра субвенции, од кои 26 милиони за тутунарите, а откупните цени за тутунот се повисоки за 44 проценти.

Имаме резултати што прават разлика, овозможуваме нови мерки за малите производители, малите винарии, дестилерии, овозможивме нова мерка Бизнис план, единствени во регионот имаме Интервентен фонд од 6 милиони евра, младите земјоделци ги поддржуваме со два гранта од 10.000 и 20.000 евра за активно да се вклучат во земјоделството со сопствено земјоделско стопанство, а при тоа се ослободени од надоместокот за закуп на државно земјоделско земјиште, истакна Костадинов во Свети Николе.

Рамо до рамо со граѓаните на Прилеп беше Борис Тунџев, кој нагласи дека по децении чекање, конечно се реализира изградбата на коридорот 8, но и коридорот 10Д, односно изградба на автопат Битола – Прилеп.

Коридорот 10Д е во интерес на целиот Пелагониски регион, тоа е реализација на стратешка цел на генерации жители од овој дел од државата, но истовремено значи унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани, зголемување на потенцијалите за компаниите, инвестицијата од 1,3 милијарди евра, ќе им донесе над 600 милиони евра на домашните компании и раст на БДП од 2 отсто годишно во наредните пет години, порача Тунџев во Прилеп.