СЕГА ВЕЌЕ СЕ Е ЈАСНО – Објавено видеото од инцидентот над Црното Море: Погледнете како рускиот авион го ‘нападна’ американскиот дрон! (видео)

Европската команда на американската армија објави видео снимка од блиската средба на американското беспилотно летало и рускиот борбен авион, која се случи над Црното Море.

Видео снимката ги прикажува клучните моменти од инцидентот во воздухот, за кој Пентагон вели дека траел 30 до 40 минути. Американската војска тврди дека руски авион прелетал покрај нивното беспилотно летало и извршил опасни маневри, како што е фрлање гориво во воздухот. По некое време, поради тие постапки, ситуацијата резултирала со удар на американскиот дрон, на кој му се оштетил пропелерот и завршил во морето.

На самото видео се гледа камерата на дронот MQ-9 Reaper која е поставена назад кон опашката, а видлив е и пропелерот на дронот.

Потоа се гледа како се приближува рускиот борбен авион Su-27. Како што се приближува рускиот авиони, може да се види како почнува да фрла гориво додека го пресретнува американскиот дрон. Во вториот дел од видео снимката, руски авион повторно поминува и повторно фрла гориво додека се приближува до дронот.

Видеото од дронот потоа било прекинато бидејќи рускиот борбен авион се судрил со дронот и го оштети неговиот пропелер, принудувајќи ги луѓето што го управуваат дронот да го соборат во Црното МореРусија негираше дека се случил судирот и ги отфрли обвинувањата.

Кога камерата повторно почнала да емитува видео снимка, пропелерот можело да се види дека бил оштетен од ударот.

Операторите успешно управувале со леталото иако бил оштетен пропелерот и го урнале во меѓународни води југозападно од Крим.

Двајца американски функционери изјавија за CNN дека операторите на дронот го избришале софтверот на дронот за да го намалат ризикот од доверлив материјал да падне во рацете на непријателот пред дронот да се урне.

Координаторот за комуникации на Советот за национална безбедност на САДЏон Кирби, изјавил дека дронот не е пронајден и дека не е сигурен дека САД ќе можат да го вратат назад.

Падна во многу длабоко море. Сè уште анализираме дали има начин да се отстрани. Можеби тоа не постои“, објаснил Кирби.

Москва, од друга страна, јасно стави до знаење дека ќе се обиде да ги извади остатоците од дронот од морето. Други официјални лица, исто така, изјавија за CNN дека Русија стигнала до местото каде што MQ-9 се урнал во морето. Кирби не можеше да го потврди ова, но кажа дека дури и Русите да дојдат до рацете на остатоците од дронот, американските власти презеле мерки за да се осигураат дека нема да можат да извлечат корисни информации од него.

Тоа е наш имот“, нагласил Кирби.

Кремљ претходно во средата соопшти дека односите со Соединетите Американски Држави се во „очајна состојба“ и на најниско ниво по инцидентот.

Стејт департментот во вторникот го повика рускиот амбасадор Анатолиј Антонов за да ја изрази американската загриженост за инцидентот, прв од ваков вид од почетокот на војната во Украина пред повеќе од една година.