Седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 7. Седница со дневен ред на кој се разгледуваа четири иницијативи и едно барање за заштита на слободи и права и одлучи:

-У.бр.22/2020 и У.бр.231/2020

Предлогот на судијата-известител да не се поведува постапка за членот 110 од Законот за јавно обвинителство не го доби потребното мнозинство од пет гласа.  Меѓу оспорените одредби се опфатени и прислушуваните материјали од СЈО. 

Подносители на иницијативите: Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје.

Повеќе за наводите: http://ustavensud.mk/?p=23602

-У.бр.106/2022  У.бр.121/2022  и У.бр.1/2023  се отфрлени согласно членот 28 алинеја 1 од Деловникот на Судот, односно Уставниот суд не е надлежен да одлучува по прашања од конкретните иницијативи.  Предметите се однесуваат на:

У.бр.106/2022

Оспорен: Член 101 став 1 алинеја 4 во делот „на овој член“ од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019)

Подносител: Игорчо Точев од Скопје.

У.бр.121/2022

Оспорен: Член 1 став 1 во делот: „(3) и (4)“ од Законот за дополнување на Законот за јавно здравје („Службен весник на Република Македонија” бр. 136/2011)

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев од Скопје

У.бр.1/2023

Оспорени акти: Решение на Основниот граѓански суд Скопје ПЛ1 П.бр.604/21 од 12.01.2022 година и Решение на Апелациониот суд Скопје ГЖ-930/22 од 10.11.2022 година

Подносител на иницијативата: Ивана Талевска-Трендафилова, адвокат од Скопје

-Рефератот за У.бр.43/2022 беше повлечен од дневен ред по барање на судијата-известител.

Подносител на барањето: Анита Галевски од Битола, преку адвокат Кирил Михајловски

Оспорено: Решение РО број 0904-19 од 17.02.2022 година од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.