Сезоната предвреме заврши за Нејмар

 – Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (31) ќе мора да ги оперира лигаментите на десниот глужд поради што ќе паузира од три до четири месеци, објави вечерва францускиот шампион ПСЖ.

Нејмар се повреди за време на натпреварот од француското првенство против Лил на 19 февруари.

„Операцијата ќе биде извршена во следните неколку денови во Доха, а ќе му бидат потребни три до четири месеци пред да се врати на тренинзи со екипата, соопшти клубот од Париз.

Тоа значи дека оваа сезона е завршена за Нејмар. Последното коло во француското првенство е на програмата на 3 јуни, а една недела подоцна е финалето во Лигата на шампиони. Но, за ПСЖ сè уште е долг и неизвесен патот до финалето во Истанбул.

ПСЖ в среда го очекува реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони против минхенски Баерн. На првиот натпревар Баерн во Париз победи со 1-0. ег ФОТО Твитер.