Сезона е на млади компири: Пробајте го овој рецепт што ќе ве воодушеви

Во тек е сезоната на млади компири, која не трае долго, па штета е да не ја користите оваа намирница за да подготвите вкусен оброк.

Добрите домашни млади компири не се лупат, ова е фундаментално правило кое безусловно треба да се почитува, без разлика дали ги готвиме, пржиме или печеме. Само треба добро да се измијат, доволно за да се отстранат сите траги од нечистотија од нив.

Потребни состојки:

30 гр путер
½ кг млади компири
2 средни црвени кромиди
2 моркови
200 гр печурки
375 мл црвено вино
300 мл доматен сос
100 мл млеко
1 ловоров лист
1 лажица магдонос
70 гр моцарела
1 чили пиперка
сол
бибер


Подготовка:

Измијте ги компирите и оставете ги нелупени. Морковите и кромидот исечкајте ги на тркалца, а печурките на листови.

На путер пропржете ги морковите, кромидот и печурките околу 10 минути. Потоа додадете компири и магдонос и пржете уште 5 минути. Посолете и побиберете по вкус.

Додадете вино, доматен сос, млеко, ловоров лист и измешајте. Ставете на силен оган додека не зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и поклопете. Оставете да врие околу еден час со повремено мешање (додека не згусне).

Загрејте ја рерната на 180°C. Јадењето ставете го во огноотпорен сад или во обична тава. Посипете со ситно рендана моцарела и ситно сечкана чили пиперка. Ставете во рерна да се пече околу 20 минути и ручекот е готов.