СЕЛФИ ОД КОЕ ЌЕ ВИ СЕ ВРТИ ВО ГЛАВА! Се качи на Белградската кула и одеше по работ – Го распнаа на мрежите (ВИДЕО)

Ова необично патување до највисоката зграда во Белград го снимил со помош на професионален дрон.

Во желбата да ја направат најекстремната фотографија од себе, луѓето ризикуваат да бидат повредени или да го загубат животот, а меѓу најчестите авантури е и селфи од највисоките згради во светот. Така непознат млад човек направи неверојатно селфи на највисоката зграда во Србија, поточно Белградската кула. На видеото кое го сними во таа прилика се гледа како ужива пркосејќи на висината додека глетката на панорамата го одзема здивот.

Ова необично патување до највисоката зграда во Белград го снимил со помош на професионален дрон, додека лежерно се шетал по највисоката градба на Балканот, без соодветна заштитна опрема – кацига, чизми и елек.

Дрон опремен со камера со висока резолуција го сними главниот град од височина од 150 метри! Мора да се признае, резултатот е спектакуларен кадар кој го одзема здивот. Од ова на секого би му се завртело – Белград ви беше на дланка.

Граѓаните гледаа со неверување и се плашеа дека ќе се случи најлошото, а во коментарите ги искажуваа своите впечатоци: “Кој го пуштил овој, да шета по зградите?” “Едвај чекам да паднеш мајмунче”, “Дланките ми се потат додека го гледам ова”, “Уапси го дебилот!”, “Ми се зголеми притисокот само гледајќи”, беа само некои на коментарите.

Момчето го објави својот потфат на својот Твитер профил. Ако не се плашите од височини – уживајте:

Инаку, Белградската кула која “расте” како дел од проектот “Белград на вода” е највисоката зграда во Србија, но и на територијата на поранешна Југославија.

Можете да стигнете до врвот на кулата со качување со лифт до 38-ми кат, а потоа со скали до последниот 42-ри кат!