Серена Вилијамс ѝ соопшти на ќерка ѝ дека ќе биде „дада“

– Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс на почетоков на мај, на „Мет галата“ откри дека е бремена по вторпат, па сега покажа и како реагирала ќерка ѝ Олимпија кога дознала дека ќе има брат или сестра.

– Се трудев да не го сфаќам ова лично, бидејќи отсекогаш сум била посветена на тренинзите, но сепак се прашував дали навистина сум се здебелила, вели Вилијамс на почетокот на видеото.

Во следниот кадар тенисерката, која е на самиот почеток од петтото десетлетие од својот живот, седи со сопругот Алексис и девојчето во дневната соба… Славната мајка потоа ѝ се обраќа на петгодишната Олимпија:

– Се сеќаваш ли кога ни побара сестра или брат? Неодамна отидовме на лекар и испадна дека сепак не сум дебела, туку имам бебе во стомакот. Ќе станеш „дадичка“.

Девојчето прво ја прегрна својата мајка, па почна да вика и да трча низ собата. Во еден миг, се чини, падна на земја…

– Преживеа ли?, ја прашува татко ѝ.

Малечкото кусо одговори: – Добро сум. Потоа продолжија со славењето и смеата.