„Се борам со староста на секој начин, но важно е да имаш пари! Ким Катрал ШОКИРАНА, ова е нејзината тајна за младоста

Дали Саманта успеа да ја задржи својата сексипилност и да остане привлечна, дури и ако тоа значи да оди под нож?

По веста за враќањето на ликот на Саманта Џонс во продолжението на серијата Сексот и градот, заносната Ким Катрал повторно се најде во центарот на вниманието. Обожавателите ја пречекаа популарната актерка со ентузијазам, со оглед на тоа дека римејкот на легендарната серија дури сега станува завршен. Бидејќи долго време се немаше појавено во јавноста, сите погледи беа вперени во нејзиниот беспрекорен изглед.

Како Ким одржува толку витка линија и младешки изглед? Таа до неодамна беше приврзаник на природното стареење и одбиваше да оди под нож , но во длабоките шеесетти години се предомисли и изјави дека сега со сета сила ја започнала борбата против годините:

„Веројатно тоа го реков во моите четириесетти! Сега сум во шеесеттите и на секој можен начин се борам со стареењето “, рече таа и додаде:

“Во денешно време има толку многу алтернативи, третмани кои го поттикнуваат вашето сопствено тело да се бори против стареењето. Има филери, ботокс, има толку многу различни работи кои можете да ги истражите, да се обидете и да откриете дали е за вас”, искрено признала таа додавајќи дека горенаведеното функционира само „ако имаш пари и уште поважно, вистинскиот хирург“.

Враќањето во серијата „И само така…“ претставува професионален предизвик за шеесет и шестгодишната актерка, бидејќи да се биде Саманта значи да се биде атрактивна добро воспитана жена која ги отфрла и ги крши сите можни конвенции:

„Играм посебен тип на жена која изгледа на одреден начин. Како и приватно и професионално, морам да се грижам за себе “, рече таа.

Зошто ја немаше во серијата , е прашање кое ја запали јавноста. Наводната причина за протерувањето на нејзиниот лик е кавга со нејзините колешки , пред се Сара Џесика Паркер. 

Странските медиуми објавија дека, според извори, Ким одбила да снима со нејзините поранешни колешки Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.  Извор близок до актерката додал дека таа не го сакала ни Мајкл Патрик Кинг, кој е близок и со Сара Џесика Паркер, на сетот.

На актерката наводно и била платена огромна сума пари за блиц појавување во серијата, што покажува колку е важна за приказната.

„Сè уште им е потребна во шоуто“, продолжија тие, додавајќи дека фановите можеби мислат дека таа повторно ќе се врати, но ја повикаа „никогаш да не го прави тоа“ поради начинот на кој ја третираат.

Во сцената, која ќе се емитува во претстојната сезона на „And Just Like That…“, се вели дека Саманта е видена во автомобил како разговара со Кери на телефон, но тие немале физички контакт, па сè уште не е јасно  дали односот меѓу нив е измазнет.