Се будите од спиење и вашата уста е премногу сува !? Ова се сите причини за тој симптом, проверката се прави лесно и причината може да биде многу сериозна

Освен доколку не сте испиле премногу алкохол претходната вечер, дали знаете што друго предизвикува сува уста наутро ? Ова обично може да се должи на дехидрација или некоја вирусна инфекција, па дури и анксиозноста. Меѓутоа, ако устата ви е сува долго време и континуирано, постои можност тоа да е симптом на ксеротомија.

Ксеротомија или сува уста се јавува кога не произведуваме доволно плунка и може да биде предизвикана од одредени лекови, како и предупредувачки знак за одредени болести.

Лековите, како што се антидепресивите, алергенсите, лековите против анксиозност или Паркинсоновата болест може да предизвикаат сува уста. Сува уста често се јавува како последица на дијабетес, но и одредени автоимуни болести. Се јавува кај пациенти со Сјогренов синдром, саркоидоза и кај пациенти инфицирани со ХИВ. Токму поради оваа причина докторите советуваат дека по долг период на сува уста, треба да посетите доктор.

Проверката може лесно да се направи со држење на шпатулата на мукозната мембрана на образот околу пет секунди. Ако шпатулата лесно се одвојува од мукозната мембрана на образот, лачењето на плунката е нормално, но доколку има потешкотии, се работи за ксеротомија. Како резултат на сува уста се јавува непријатен здив, забите брзо се расипуваат поради кариес и се почести се габични инфекции.

Затоа, ако устата ви е долго време сува и тоа ви се случува често, посетете го вашиот доктор и навреме направете преглед.