СЕ ВООДУШЕВИ- Леброн Џејмс седна до девојката на трибините, нејзината искрена реакција стана хит на интернет (ВИДЕО)

Најдобриот стрелец во историјата на НБА – Леброн Џејмс, натпреварот против Голден Стејт го следеше од трибините на Чејс центарот во Сан Франциско, додека седеше до една девојка на трибините, нејзината воодушевена реакција набрзо стана хит на социјалните мрежи.

Како што може да се види на видеото кое го снимила камерата, девојката била шокирана кога сфатила дека во тој момент покрај неа седел овој кошаркарски великан, а нејзината искрена реакција целосно објаснува колку и значело и колку позитивно ја изненадило .

Видеото го сподели и официјалниот сајт на НБА, исто така со фокус на девојката и нејзината реакција.

„Погледнете го девојчето од десната страна. Таа немаше поим кој ќе се појави“, рекоа тогаш коментаторите.

На Твитер клипот беше прегледан повеќе од 10 милиони пати, а предизвика повеќе од 120.000 позитивни реакции.
Што се однесува до натпреварот, на крајот Лејкерси извојуваа исклучително важна победа со резултат 109:103, а до победата ги предводеше Денис Шродер кој постигна 26.

Голден Стејт по синоќешните натпревари е деветти на Западот, а Лејкерси се на 13. место и се во многу тешка позиција во борбата за плеј-офот.