Се запали викендица во Маврово, каде бил Миле Зечевиќ, пред четири години “гореше” автомобилот на неговата сопруга!?

Викендицата била во сопственост на мајката на Зечевиќ, а пожарот го пријавил токму тој.

Се запали викендица во село Леуново каде викендов бил генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Викендицата била во сопственост на мајката на Зечевиќ, а пожарот го пријавил токму тој.

Од МВР за Фокус официјално потврдија дека рано утрово бил пријавен пожар.

„Денеска наутро (12.02.2023) околу 06.10 часот, М.З.(51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал.

Повредени нема, интервенирала гостиварската територијална противпожарна единица. Во текот на денешниот ден ќе се врши увид“, соопштија од МВР.

Според информации на „Фокус“, пожарот избувнал од внатре, а сомнежите се дека имало некакви проблеми со оџакот.

Пред четири години, на 28 ноември 2018 година, како што пишуваа медиумите беше опожарено возилото на сопругата на Зечевиќ. Возилото било опожарено пред куќата во која живееле. Зечевиќ тогаш за медиумите изјави дека немал никакви претпоставки кои би можеле да бидат сторителите, бидејќи немал нинакви закани, а не бил ниту во конфронтации со групи или поединци.

И тогашниот и сегашниот инцидент се случуваат во турбулентни политички периоди. Пред три дена беше приведен уредникот и сопственикот на Доказ, а според пишување на медиумите кај него биле пронајдени повеќе од 90.000 евра кои не биле обележани, но според шпекулациите биле запакувани во коверти на една пелагониска банка. А во 2018 година беше приведувањето на неколку лица од страна на СЈО во врска со случајот Империја.