СЕ ПОЈАВААТ СИЛНИ СТАВОВИ НА ГЕРМАНИЈА: Знаеме кој учествувал во терористичкиот напад на „Северниoт тек“

Европа остана без руски гас, а цените вртоглаво пораснаа.

Германските истражители кои ја проучуваат експлозијата на гасоводот Северен тек не ја исклучуваат можноста нападот да го извршила некоја западна земја со цел да ја виктимизира и обвини Русија, пренесоа британските медиуми.

Да потсетиме дека експлозиите се случија на 26 септември на три од четирите краци на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“, кои имаа капацитет да транспортираат 110 милијарди кубни метри руски гас во Европа. Така, во пресрет на зимата, испораките на гас за Германија беа прекинати, а цената на енергијата вртоглаво порасна.

Германија, Данска и Шведска покренаа одделни истраги, а шведската служба за безбедност соопшти дека се работи за „масовна саботажа“.

Руските власти овој чин го оценија како терористички.

Данска и Шведска и забранија на Русија да спроведува сопствена истрага, но руското Министерство за надворешни работи нагласи дека процесот може да се смета за сигурен и објективен само доколку Москва учествува.