Се појави видео од Теодора Џехверовиќ без трошка шминка! Не би ја препознале доколку ја видите на улица, не личи на себе (фото/видео)

Теодора Џехверовиќ важи за една од најатрактивните пејачки на балканската естрада. Не е тајна дека, како и другите јавни личности, таа често користи апликации кои и’ го разубавуваат лицето и телото, а ретко е да се види во природна состојба без шминка.

Популарната дама често е мета на позитивни и негативни коментари кога се во прашање нејзините провокативни фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи. Меѓутоа, сега на интернет кружи нејзино видео на кое, како што тврдат многумина, ретко кој ја препознал.

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од Џехверовиќ на кое таа позира без шминка со насмевка на лицето и со коса врзана во опавче.

Пејачката во секојдневно домашно издание, како што напишаа во коментарите корисниците на споменатата социјална мрежа, не е ни слична на она што може да се види на нејзиниот профил.