Се продава „iPhone“ од првата генерација на: Колку чини ова парче историја?

Како што пренесува Гардијан, „iPhone“ од првата генерација е понуден на аукција во САД, а се очекува да достигне цена од повеќе од 50.000 долари.

Во моментот на пишување на оваа вест, понудената цена за уредот е 2.750 долари, а до крајот на аукцијата остануваат уште нешто повеќе од 16 дена.

Сопственичка на телефонот е уметницата Карен Грин, која го добила на подарок во 2007 година. Бидејќи во тоа време веќе имала нов мобилен телефон, а „iPhone“ тогаш не бил компатибилен со нејзината мобилна мрежа, го оставила неотпакуван на полицата, „завиткан во фланелни пижами“.

Во октомври стапила во контакт со аукциската куќа „LCG Auctions“ и им го понудила својот „iPhone“. Таа решила да оди на аукција за да собере пари за да отвори ново студио за тетовирање.

Овој „iPhone“ од првата генерација, кој се продава на аукција, е произведена во 2007 година, доаѓа со 8GB простор и има камера од 2MP.

Првата генерација на „Apple iPhone“, во времето кога се појави, чинеше 499 долари за модел со 4 GB меморија или 599 долари за модел со 8 GB простор за складирање податоци.