Се роди каза мутант: Сопствениците на фармата во неверување, вакво нешто немале видено, но среќата сепак ѝ се насмевна (ВИДЕО)

На Филипините се роди коза со осум нозе!

Необичното јаре, воодушевените сопственици го нарекле Маја. Роден е на 11 март на фарма во провинцијата Бохол.

Сопственичката Мера Боко изјави дека освен деформираните делови на Маја, таа е здрава и нема други болести.

На видеото од понеделник Маја може да се види во нејзиниот затворен простор. Сопствениците велат дека е силна и здрава и дека не ја однеле на ветеринар.

– Маја сака да си игра со својот брат и сестра и со други животни. Остануваат со мајка им и ги пуштивме да трчаат по теренот. Маја е силна. Таа е здрава и не ја однесовме на ветеринар. Мислам дека ќе биде добро – изјави Мера.

Таа додаде дека ќе ја чува Маја како домашно милениче додека мајката коза и нејзините браќа и сестри ќе ги остави на фармата.

– Маја е нашата амајлија. Ова е првпат да видиме суштество како неа, па верувам дека е многу посебна и единствена – изјави Мера.

Се верува дека Маите имаат состојба наречена дипигус што е тежок генетски деформитет што предизвикува дуплирање на делови од телото.