СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ БАХМУТ – Вагнер тврди дека градот е пред колапс додека Зеленски ветува борба до самиот крај: Што се случува и зошто овој град е многу важен !?

Лидерот на руската паравоена група, Вагнер, денеска изјави дека неговите војници го зазеле „целиот источен дел“ на градот Бахмут, центарот на борбите во источна Украина.

Единиците на Вагнер го зазедоа целиот источен дел на Бахмут, сè источно од реката Бахмутка е целосно под контрола“, посочи Евгениј Пригожин во аудио пораката објавена од неговата прес-служба.

Во последниве денови, притисокот значително се зголеми врз украинските вооружени сили кои го бранат Бахмут и тие се соочени со руското напредување и опкружување.

Во својот последен извештај објавен вчера, Институтот за проучување на војната (ISW), кој бори група американски експерти, наведе дека руските вооружени сили „изгледа“ дека го окупирале источниот дел на градот по „контролирано повлекување“ на украинските бранители во таа зона.

Во интервју за CNN, украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека неговите војници се решени да го задржат тој град. Тој посочи дека по Бахмут, Русите би можеле да имаат отворен пат да одат понатаму, до Краматорск, Славјанск и до другите градови во Украина.

Иако стратешката вредност на Бахмут е оспорена, градот добил симболично и тактичко значење со оглед на големите загуби што ги претрпеле двете страни во битките околу него. Околу тој град се води најдолгата и најсмртоносната битка од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година.